Морталитет од рак на дојката: Зошто Северна Македонија сè уште заостанува?

Се проценува дека ракот на дојка е една од водечките причини за смртност кај жените ширум светот. Меѓутоа, едно неодамнешно истражување на Американското здружение за рак покажа дека раното дијагностицирање, развојот на медицински методи и ефективниот третман може да влијаат врз менаџирањето на оваа болест, намалувајќи ја значително стапката на смртност.

Објавениот извештај покажува дека во САД стапката на смртност од рак на дојката од 1989 година е намалена за 44%, спасувајќи вака 517,900 животи..

„Охрабрувачка е веста дека стапката на смртност од ракот на дојка продолжува да опаѓа благодарение на напредокот во раното откривање и лекување“, вели Ангела Џакинто, научник и главен автор на студијата.

Каква е состојбата во Северна Македонија?

Иако САД постигнале голем напредок, за Северна Македонија овие успеси остануваат далечни и од географски и од научен аспект. Кај нас ракот на дојка не само што е една од главните причини за смртност кај жените, туку од година во година бележи една тенденција на раст.

Најновите статистички податоци објавени во RMV покажуваат дека во 2023 година од рак на дојката згаснал животот на 346 жени. Според Институтот за јавно здравјеракот на дојка зазема прво место по бројот на нови случаи на малигни неоплазми кај жените во периодот 2017-2021 година:

  • 2017: 808 нови случаи со стапка на инциденца од 78.03/100,000 жени..
  • 2019: 778 случаи со стапка на инциденца од 75.13/100,000 жени..
  • 2021: 806 случаи со стапка на инциденца од 87.08/100,000 жени..

Во однос на смртноста најмал процент е забележан во 2011 година (26,3%, со 272 изгубени животи),а најголем процент има во 2022 година (38,5%, со 356 изгубени животи).).

Табела 1 – Изгубени животи поради рак на дојката од 2010 до 2023 година/ Извор: Институт за јавно здравје на РСМ

И покрај алармантните бројки за смртноста, во Северна Македонија и понатаму е предизвик да се најде термин за контрола, имено за мамографско снимање (метод кој главно се користи за дијагностицирање на рак на дојка) и ехо преглед на дојка (испитување на структурата на ткивото на дојката) не само за случаи како превентивна мерка за жените на возраст од 45 години, туку и за жените на кои веќе им е дијагностициран рак на дојка.

Па така, мамографија во приватните болници во Северна Македонија чини 4.500 денари (околу 73 евра). Но, цената може да достигне и до 9.000 денари (околу 150 евра) доколку е вклучен и ехо преглед на дојката и некој дополнителен преглед.

Во еден разговор со Рита Бехадини, во подкастот „Лафе граш (Женски муабети)“ за тешките предизвици низ кои поминува жената заболена од рак на дојката, без разлика дали се тоа здравствени или емотивно-психолошки, активистката Лиридона Беќири акцентот го става на слабиот здравствен систем во РСМ кој што уште повеќе го отежнува процесот на лекување.

„За жал, ние имаме еден руиниран здравствен систем. Колку и да се надеваме дека нешто ќе се среди или какви и да добиеме ветувања за промени во однос на здравствените услуги од политичарите, фактите зборуваат поинаку. Не можам да кажам дека жените наидуваат на разбирање кога станува збор за пристап до квалитетни медицински услуги. Нема термини за мамографија, термини за клинички прегледи, за ехо на дојка и слично... имаме многу поплаки“, нагласува Лиридона Беќири.

Во електронскиот систем „Мој термин“ или www.mojtermin.mk не фигурираат сите градови, а слободните термини за една недела се појавуваат само во неколку градови во државата. За другите градови кои се на оваа платформа слободни термини има само од 2025 година.

"Овој материјал е целосно или делумно финансиран од UK International Development и Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои не мора да се согласуваат со мислењата изразени во него. За содржината е одговорен авторот."

Друго