LGBTQ
LGBTQ

СИТЕ НЕКА ЗНААТ: Скопје Прајд се одржува на 20 јуни, Mollëkuqja повикува на учество

Парадата на гордоста ќе се одржи на 20 јуни 2026 година. Собирањето на учесниците ќе започне во 18 часот кај Фонтаната во Градски парк, а маршот ќе започне во 19 часот. Поворката ќе се движи по булеварот Илинден, улицата Рузвелтова, булеварите Партизански одреди и ВМРО, како и по улицата Димитрије Чуповски, со завршница во Жена парк – Борец.

Според организаторите, слоганот е порака против бришењето на ЛГБТИК+ лицата од јавниот простор, културата и колективната меморија, и против тишината која им се сервира како услов за прифаќање.

„Со овој слоган јасно порачуваме дека постоиме, тука сме и одбиваме да се смалуваме за да бидеме прифатени. Ние сме дел од семејствата, пријателствата, работните места и секојдневниот живот на ова општество. Истовремено, сакаме да укажеме и на тежината што видливоста сè уште ја носи за многу ЛГБТИК+ луѓе, кои живеат со страв од последиците доколку „сите дознаат“

„Со него сакаме да ѝ се спротивставиме на тишината што ни се сервира како услов за безбедност и прифаќање, како и на замолчувањето што го добиваме како одговор на нашите барања и протести. „Сите нека знаат“ е порака против системското бришење и истиснување на ЛГБТИК+ луѓето од јавниот простор, културата и колективната меморија“

Mollëkuqja повикува на учество на 20 јуни во Скопје.

Друго