Кој не направил никаков грев..? контемплација пред новогодишната елка

Секогаш кога ja украсувам новогодишната елка мислам на човечките гревови, поточно на женскиот грев на кој потсетува ова украсено дрво, врз основа на објаснувањата за првите луѓе протерани од рајската градина. Првиот грев е направен од првата жена и сите ние страдаме поради нејзината непослушност. Се вели дека Ева/Хава била таа што го навела Адам/Адем во неволја со нејзината смелост да ги прекрши законите во рајот.

Јаболкото на гревот е симбол со длабоки корени во митологијата, религијата, литературата и културата. Иако во Библијата не се споменува името на плодот, не се знае дали навистина тоа било едно јаболко, но она што со сигурност се знае е дека една безумена жена предизвикала голема збрка.

Во литературата и уметноста јаболкото на гревот често се користи како метафора за искушението и несовладливата желба, се појавува како симбол на нешто забрането или недостижно. Во рамките на библискиот наратив, Ева често се прикажува како фигурата која го искушува Адам, носејќи ја во себе сликата на „вината“ и искушението, што во современите контексти се гледа како критика на родовата стереотипизација.

Во уметничкото и културното творештво, јаболкото не останува само како еден негативен симбол, туку често се претвора во метафора за слободата на избор, на бунт против ограничувањата и човечката свест.

Во светите книги жени грешнички често се опишуваат како сложени фигури кои го симболизираат искушението, човечката слабост, но и покајанието, надежта и моралната трансформација.

Само пророците се сметале за безгрешни, а нивните жени не ретко се преплавени од нив. Во Куранот жените не се споменуваат по име, единствената жена која се споменува по име е мајката на Иса, Мејреме или мајката на Исус Христос, Света Марија. Се претпоставува дека една од жените на пророкот Мухамед, Ајша, за време на аџилак застанала и поразговарала со еден од пријателите на Мухамед, а затоа била обвинета за љубовна афера и неморал. Пророкот Мухамед ја зема под заштита, но зборот „фајше“ (во дадениот контекст блудничка) се раширил меѓу луѓето, толку далеку се слушнал што и ден денес во панините на Шара. Марија Магдалена не била проститутка, туку покајничка која го понашла својот мир покрај Иса/Исус. Таа му пријде на Исус за да се спаси од гревот и стана една од неговите најпосветени следбенички.

Во Евангелието според Јован, една жена фатена во измама изведена е пред Исус за да и се суди. Исус им одговорил со познатите зборови: „Тој меѓу вас што е без грев, нека го фрли првиот камен врз неа“.

Тоа e најпозната фраза која ги разоружува грешниците. Поетесата Рита Петро има една песна составена врз овој стих, во која го претставува Христос кој на крајот се прашува себе си: „а јас, како не можам да најдам еден камен“.

И ден-денес гревот останува белег на срам речиси секогаш за жените. Ја гледам украсената елка и црвените украси што ги поврзувам со забранетото јаболко и се присеќам на сите овие примери. Пророците и жените „блуднички“ при нив кои беа спасени од судот и дивите толпи од самите „безгрешни“ мажи кои не наоѓаа камења за да ги фрлат.

“Ky material është financuar plotësisht ose pjesërisht nga UK International Development dhe The Kvinna till Kvinna Foundation, të cilët jo domosdoshmërisht pajtohen me opinionet e shprehura këtu. Përgjegjës për përmbajtjen është vetëm autori.”

Друго