Молекуќја е во потрага по успешните жени кои во 2024 година доминираа со своите достигнувања во професионалната сфера. Зошто го правиме ова? Поради една едноставна причина, за да можат да ги добијат од вас пофалбите кои ја заслужуваат. Тоа оди вака, ние предлагаме една од нив, а потоа тие си предлагаат други успешни жени. Една од жените кои вреди да се спомне за своите успеси оваа година е актерката Ѕака Јонузи Челику, и тоа поради две причини: таа објави книга за деца и од неодамна е назначена за директорка на Албанскиот театар за деца и младинци. Секако дека има многу повеќе, но условот е жените да предложат некоја друга успешна жена, кои мора да постигнале некаков успех оваа година. Во продолжение може да прочитате повеќе за овие жени, и да видите кого тие спомнуваат како успешна жена за оваа година.
Чака Јонузи Челику
Во годинава што изминува би сакала да истакнам две важни достигнувања:
- 1. Објавувањето на мојата втора книга за деца насловена како „Сакам да одам на сафари“. Ова е една книга со детски песни и кратки текстови, упатени во второ лице на детето што ја чита. Целта на овој текст во вид на проза е да поттикне што повеќе разговор меѓу децата и возрасните. Сметам дека е многу важно нашите деца слободно да комуницираат и секој од нивните одговори да биде прифатен како важен. По ова, родителите, наставниците или воспитувачите можат да го водат и да го развиваат понатаму разговорот. Во овие разговори од децата можеме да слушнеме неочекувани бисери, кои го прават разговорот уште попријатен! Оваа книга е многу посебна за мене и поради тоа што свој придонес има и мојата ќерка Гонџе со своите прекрасни илустрации на секоја нејзина страница.
- 2. Моето именување за директорка на Албанскиот театар за деца и младинци. Оваа улога истовремено е и возбудлива и предизвикувачка. Предизвикот лежи во моменталната состојба на театарот, која бара многу работа за да се поправи. Даваме се од себе да ги надминеме препреките што е можно побрзо и да донесеме во сцената детски претстави. Едвај чекам Чаршијата да се наполни со дечиња кои го посетуваат театарот, а што се однесува до оние кои поради разни причини не можат кај нас, наша должност е да го донесеме театарот кај нив. Силно верувам дека одењето во театар е право на секое дете и тоа е нешто што ме мотивира секој ден.
П.С. Не можам а да не спомнам: оваа година за прв пат направив кисела зелка! За мене тоа беше едно лично достигнување, посебно поради тоа што излезе многу вкусна и здрава. (Се смее)
*Сакам да ја спомнам: Сопранистката Бесарта Муртезани за формирање на музичката група ''Бесарта Муртезани и Ансамблот Дарданус''.
ЅАКА ЈОНУЗИ ЧЕЛИКУ - Родена е во Тетово, а дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмска уметност - Скопје 1999 - 2003 година. Над две децении е вработена во скопскиот Театар, а нејзиното професионално искуство го сочинуваат многу улоги како во театар така и во филмската уметност: Улоги одиграни во Албанскиот театар – Скопје: „Дожд на плажа“ – Т. Лакос, режија: Ахмет Јакупи – улогата на Лили (2003 година), „Кон себе“ – Ким Мехмети, режија Ѓерѓ Превази – кореодрама (2004 година), „Гаќите“ – Шарл Штернхајн, режија Кастриот Чипи – улогата на Фрида (2005 година), „Лавиринти на меморијата”- A. Халими, режија - улогата на старицата Мари (2007 година), „Kaлигула” – Албер Ками, режија Димитар Еленов – улогата на сопругата на Мициус (2008 година), „Генералот на мртвата војска“ - Исмаил Кадаре, режија Дино Мустафиќ- улогата на една жена и една девојка (2009 година), „Со тупаница на ножот“ - Аугусто Боал, режија: Сулејман Рушити - улогата на Марга (2012 година), „Аквариум“ - Рефет Абази, режија: Лука Кортина - улогата на Елса (2012 година), „Гнида“ - Иво Брешан, режија од Сулејман Рушити - улогата на Мима (2013 година), „Чудниот пар“ - Нил Сајмон, режија: Илир Бокши - улогата на Сеси (2013 година), „ЕУ Инспектори“ - Дејвид Фар, режија Агим Сопи - улогата на Степане (2014 година). Има одиграно и други улоги и во други театри, разни улоги во детски емисии, учествувала и во филмски проекти, како што е: „Времето на кометата“ од Фатмир Коци (2007 година), „Татковите книги“ од Русомир Богдановски (2007 година), краткиот уметнички филм: „Зад темнината“ на Арбен Тачи итн. Таа исто така се докажала и како писателка и до сега ги има објавено книгите „Палавковките од мојот клас“, и неодамна и втората книга „Сакам да одам на сафари“.
БЕСАРТА МУРТЕЗАНИ
„Да се работи со мисија во земја како оваа во која живееме не е воопшто лесно, особено за уметниците. За да стигнам тука каде што сум денес морав да поминам низ многу потешкотии. Се разбира дека ова патување бара и силна институционална поддршка и доаѓа со цена која не секој од нас имал толку среќа некој да ни го олесни нашиот пат кон мисијата. Да, можете да постигнете сè само ако сакате, но без поддршка понекогаш НЕ УСПЕВАТЕ ДА СТИГНЕТЕ ТАМУ КАДЕ ШТО САКАТЕ ВО ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ. Многупати сум се разочарувала, се додека не ја видов другата страна на паричката, онаа што посветла, онаа што се гледа со далечна визија и главната цел што ја остава за помладите генерации.
Цела една деценија ја посветив на концертите со албански народни лирски песни, оживувајќи ги во најоригиналната форма на иконите што ни ги оставија во наследство овие национални духовни вредности. И велам, вредеше, бидејќи нема поголема сатисфакција од тоа да гледаш нови генерации во училиштата како работат на училишен проект за тебе. Долго време собирам материјали од песни испеани од арберешите, и слушајќи ги песните убедена сум дека Албанците се подревни од древноста, и зачувувањето на јазикот и песните повеќе од 600 години докажува со колкава љубов нашите предци ги пренеле од генерација на генерација овие духовни и материјални вредности, и тоа само ја зголемува мојата одговорност да ги третирам овие песни како најскапоцените богатства на Албанците. Кога станува збор за древноста, ми текнува една, се потсетувам на една поговорка која вели: „Ако сакаш да ја знаеш историјата на еден народ, слушај ги неговите песни“.
Моја среќа и благослов е што сум опкружена со многу уметници кои имаат високи човечки вредности, а за реализација на овие песни секако дека беше потребен и аранжер кој би работел и би раководел со мала формација која се роди како идеја од поканата што Вулнет Незири ја доби од Хрватска од г. Шуип Зибери. Исто како што е и неговото име, Вулнет е секогаш тука за да буди добра волја. Истата година беше откриена и илирската плоча со натпис „Дарданус“, а овој момент ние го одбележавме со формирање на група која вечно ќе ја носи историската вистина „БЕСАРТА МУРТЕЗАНИ И АНСАМБЛОТ ДАРДАНУС“. Првиот концерт се одржа во Тетово на 21 мај 2024 година, концерт на кој го промовиравме Ансамблот и нашиот репертоар, за да продолжиме потоа во Загреб, Хрватска на 24 мај 2014 година, каде што бевме пофалени од музичките критичари. Хрватска ни отвори многу врати, покани за концерти и фестивали и внатре и надвор од нејзините граници. Во октомври добивме покана за фестивалот на камерна музика „НАЦИОНАЛНА СРЕДБА“ во Елбасан каде ни беше доделена специјалната награда како Ансамбл со високо уметничко ниво. Ансамблот денес брои 8 члена: Бесарта Муртезани - сопрано, Шкелќим Јахи – хармоника
, Јетмир Мехмеди – гитара, Бјондина Беќири – пијано, Вулнет Незири – обоист, аранжер и оркестратор на групата, Арбер Тахири – виолина, Сихана Речи – виола и Греса Мехмеди- виолончело.
На покана на културно-уметничкото друштво „Џеладин Зеќири“ бев поканета на концерт во Истанбул, кој беше во склоп на Културно-информативниот центар. За крај, посакувам 2025 година да донесе здравје и многу среќа на сите. П.С. Светот е многу голем и има место за секого и Господ на сите им дал среќа во различни времиња, наше е да оставиме свој белег, со достоинство и гордост за семејството, општеството и нацијата. Среќно!
БЕСАРТА МУРТЕЗАНИ е сопранистка од Северна Македонија. Завршила два факултети, едниот за соло пеење, а другиотза теорија на музиката. Долго време работела како професорка во средните училишта во Тетово, како и во стручните музички училишта. Моментално е ангажирана како солист во Државниот ансамбл за песни и ора на Република Северна Македонија. Во нејзината академска работа има добиено многу сертификати и признанија како и награди и трофеи за нејзината работа како сопрано.
Таа беше специјална гостинка на концертот на Ермонела Јахо кој се одржа во Скопје, како и гостинка на Косовската опера на концертот на Независноста. Бројни се нејзините концерти со лирски песни, меѓу кои за одбележување е и соработката со доајенот на скадарската песна Себахате Вишња. "RIOLF"
Активна е на концерти како придружен вокал во најголемото балканско студио Pro-sound, а од неодамна е дел и од театарски проекти.