Shumë çifte paraqiten para publikut si të lumtur, por pas dyerve të mbyllura mund të fshihen histori nga më të çuditshmet. Nganjëherë çka ndodhë prapa atyre dyerve ngel veç aty. Por, edhe pse rrallë, sërish është dëgjuar edhe ndonjë rast i dhunës seksuale në bashkëshortësi. Për të kuptuar më thellë mekanizmat psikologjikë, pasojat dhe ndjenjat e viktimave bisedojmë sot me psikologen Fatime Ziberi.
Дали сексуалното насилство е екстремна манифестација на патријархалната структура?
- Несомнено дека сексуалното насилство се сфаќа како екстремна форма на патријархалното однесување, каде што, за жал, често се смета за прифатливо однесување и многу пати се оправдува како дел од семејната и општествената структура и брачните обврски. Тоа е еден погрешен став на кој отсекогаш му се давала културна и социјална конотација, но, од друга страна, жртвите биле гледани и сметани за виновни и за поттикнувачи на сексуалното насилство. Ова погрешно убедување им оневозможило на жртвите навреме да ја идентификуваат ситуацијата и да сфатат дека се жртви на сексуално насилство, бидејќи тие се сметале за жени кои секогаш мора да одговорат на барањата и да ги исполнат истите, при тоа игнорирајќки ги личните барања и потреби.
Феноменот на „срам“ и нормализацијата на насилството се причинители да голем број на жени долг временски период живеат и бидат подложени на разни форми на сексуално насилство, и за жал на крај ова да го сметаат како начин на живеење.
Според вашите досегашни искуства, кога жртвите почнуваат да го идентификуваат насилството, или поточно, поднесувањето на сексуалното насилство да не го сметаат за „брачна обврска“?
-На една жена, за да свати дека е жртва на насилство, потребно и е многу време токму поради причините што ги споменавме претходно. Исто така, тука би ја додала и колективната свест и едукацијата за последиците од ова насилство бидејќи, како што рековме, на тоа се гледа и се смета како дел од семејството, односите и брачните обврски и воопшто не се зборува за идентификациските форми и последиците. Многу често една трета страна е таа што ги забележува овие елементи и која може да ѝ помогне на жртвата да свати дека станува збор за насилство и дека како такво и мора да се третира. Од искуство можам да кажам дека жртвите секогаш зборуваат и го пријавуваат овој вид насилство како секундарен или терцијарен фактор на проблемите и тешкотиите што произлегуваат како резултат на тоа, не сфаќајќи дека токму сексуалното насилство предизвикува други последици како што се: ниската самодоверба и самопочит, проблемите со довербата, неможноста за одржување здрави односи во семејството, општеството, анксиозноста, паниката, а во некои случаи и посериозни проблеми како што се неврозата и психозата.
Како може да се објасни сексуалното насилство, дали е тоа еден обид за доминација?
- Така е, сексуалното насилство е тенденција за доминација и повреда во која било форма кон послабата личност. Тука имаме и тенденција на супериорност каде што насилникот ја гледа жртвата како инфериорна, давајќи ѝ статус на објект за задоволување на неговите потреби, при што ги игнорира и занемарува потребите на жртвата. Тоа е тенденција на погрешно претставување на социјалниот статус и структурата во семејството „јас сум маж“ или „тоа е твоја должност и обврска“ и со тоа да се натера жртвата да се покори без приговор и да го прифати ова однесување како нормално.
Симон де Бовоар вели дека жените честопати молчат за да го избегнат срамот. Дали сè уште го среќавате ова во вашата терапевтска пракса?
- За жал, вистина е така. Реков и претходно дека срамот е главната причина за непријавување на ова однесување. Тоа е неразумно, па дури направени се и многу истражувања за да се разбере причината за чувството на вина и срам кај жртвите, но сè уште немаме точен одговор зошто жртвите чувствуваат вина и срам кога всушност се жртви и овој однос кон себе си е неправеден. Во терапевтската пракса ова е она што се забележува и е еден од првите индикации дека се работи за насилство. Кога го велам ова мислам за сите видови на насилство, а посебно за сексуалното насилство.
Како се раѓа тоа чувство на вина кај жртвите?
- Чувството на вина обично се создава од неможноста за самоодбрана и претставува еден нездрав одбранбен механизам каде жртвите се помируваат со ова чувство и ја прифаќаат својата судбина. Се создава главно несвесно, што значи дека жртвите првично не се свесни за тоа, можат декларативно да го изразат и со често повторување, ова останува како интроект (нешто преземено и присвоено без да се обработи и разбере дека нема никаква врска со реалноста). Но, во овој случај, и насилникот, искористувајќи ја оваа деликатна состојба на жртвата, станува психолошки манипулатор кој го искористува социјалниот статус и погрешните убедувања, го зајакнува уште повеќе чувството на вина и на тој начин жртвата го прифаќа и го претвора дел од својата личност и начин на живеење.
Може ли да се каже дека сексуалното насилство е исто така резултат на воспитувањето на женските генерации, кое се пренесува од бабата на мајката, од мајката на ќерката?
- Воспитувањето има големо влијание во овие случаи, да речеме дека сексуалното насилство се наследува од една генерација на друга и од бабата, мајката или некој друг се пренесува убедувањето дека мажот е маж, а жената мора да толерира дури и кога е повредена или силувана и овој начин на „воспитување“ функционирал долго време и како резултат на тоа и епитетот добра жена е даден во зависност од тоа колку една жена е отпорна на овој вид на насилство. Општествените убедувања дека отсекогаш било вака и дека треба да се молчи поради срам, семејството, општеството се пренесувале со фанатизам од генерација на генерација без да се сватат сериозните последици врз жртвите, но и врз жените воопшто. Со еманципација и образование верувам дека на многу жени денес им е полесно да ја идентификуваат тенденцијата на сексуалното насилство и да интервенираат на време, било тоа директно или индиректно преку барање на стручна помош.
Може ли една жртва да се излечи без повторно да стекне контрола врз сопственото тело и сексуалноста?
- Првиот чекор е кога жртвата станува свесна за сексуалното насилство и сваќа дека тоа нема никаква врска со нормалното однесување или со брачните обврски, и од овој момент таа го започнува процесот на лекување и во исто време ја враќа контролата и сексуалноста со поставување на јасни граници, почнува да се спротивставува и да се брани, сè додека не успее да врати целосна контрола.
Како им помагате вие на овие жртви? Кој ги убедува да се обратат до вас?
- Како да кажам, ретки се случаите на пријавување на овој вид на насилство и многу ретки се случаите каде што самата жртва или некој друг ја упатува да побара стручна помош. Обично тие доаѓаат за нешто друго и во текот на процесот се идентификува главната причина, во конкретниот случај сексуалното насилство. Третата страна (семејството, општеството) е таа што ги поттикнува жртвите да најдат храброст за да побараат стручна помош.
Кој е најтешкиот случај што сте го слушнале од една жртва на сексуално насилство?
- За жал има најразлични тажни приказни што ги кажуваат жртвите. Она што најчесто се слуша е прифаќањето на неможноста да се заштитат себеси и да реагираат и прифаќањето на нивната судбина, во смисла дека тој е во право, тој е маж и јас самата си го барав тоа, на крајот на краиштата тоа е наша обврска и должност, итн.
При работата со овие случаи, дали има нешто што кај нив буди несигурност во однос на функционирањето во државата?
-Работата со жртви на насилство е секогаш тешка поради фактот што жртвата може да се лекува и да одлучи да се спаси од незавидната ситуација и таа навистина се бори и успева во тоа, но на крај доаѓаме до ситуација каде што не знаеме дали сме постапиле правилно или не, во смисла на тоа дека жртвите немаат никаква институционална сигурност и за жал завршуваат назад кај насилникот, а тоа е уште потешко за жртвата. И честопати оваа ситуација ни ја отежнува работата, а и нè плаши, затоа што ако работата со жртвата оди добро, се охрабрува и навистина има позитивни резултати во лекувањето и третманот, потоа следува прашањето што после тоа, кое лебди во воздухот како облак кој го чека вистинскиот моментот за да експлодира.
Рековте дека, според вашето мислење, има доста случаи, но дека мал број од нив се пријавуваат? Што ги спречува да се пријават?
-Да, точно така, има повеќе случаи отколку што се пријавуваат и мислам дека причините што го спречуваат пријавувањето и лекувањето се главно оние што веќе ги спомнав, почнувајќи од стигматизацијата во општеството, предрасудите, затоа што за воља на вистината нашето општество сè уште не е на ниво да ја разбере оваа категорија жртви без предрасуди. Вината и срамот се дополнителни фактори, и сето тоа се наополнува и со недостатокот на вистинска институционална помош.
Како професионалец, што мислите дека треба да се направи за да се намали бројот на случаи на насилство воопшто, а посебно и на сексуалното насилство?
- Верувам дека за овој вид насилство најмалку се зборува во нашето општество, а фактот што не се зборува за него не значи дека не постои, па затоа мислам дека еднаш засекогаш треба отворено да се дебатира и зборува за да се подигне колективната свест за сексуалното насилство, за нејзиното идентификување и превенција.
Еден совет од вас како жена за сите жени кои мислат дека насилниот секс е „нормален“?
- Почитувајте се себеси и вашето тело, не сте предмет што некој може да го употреби за да ги задоволи своите потреби, вие вредите многу повеќе од една врска и самоодбраната не ве прави слаба жена или помалку жена, напротив, ви ја дава вредноста што ја заслужувате, затоа не молчете за тенденциите кон насилство и доминација, зборувајте и побарајте стручна помош. Срамот и вината нека ги носат оние кои ги заслужуваат, оние кои мислат дека машкоста се покажува преку насилство и доминација.





