Менталното здравје останува чувствителна тема во Северна Македонија и во земјите од регионот, а стигмата и понатаму е изразена, особено кон мажите. Во општество каде машкоста се поврзува со сила, издржливост и емоционална тишина, признавањето на психолошките тешкотии често се перципира како слабост. Изразите како „мажите не плачат“ создаваат постојан притисок, туркајќи многу мажи да ги задржуваат грижите во себе и да се двоумат да побараат професионална помош.
За подобро да го разбереме влијанието на патријархалните норми, социо-економските фактори и улогата на семејството, училиштето и работното место во овој феномен, разговаравме со социологинката Дрита Мемеди. Drita Memedi.
Во ова интервју за Mollëkuqjaтаа зборуваше за корените на стигмата и за потребата од културни и структурни промени кои би овозможиле поотворен пристап кон менталната благосостојба на мажите.
Мемеди вели дека културните норми во нашето општество играат многу важна улога во насочувањето на општеството, обликувајќи го и начинот на кој се манифестираат општествените однесувања.
„Токму овие норми и патријархалниот дух им оневозможуваат на мажите слободно да зборуваат за своето ментално здравје, бидејќи во таков случај би биле осудувани. Овие ситуации доведуваат до тоа нивните грижи да ги задржуваат во себе и да останат нетретирани. Кога внатрешните проблеми на мажите остануваат нетретирани, во многу случаи тие еруптираат како агресија кон спротивниот пол“, нагласува Мемеди.
Според неа, семејството е главниот фактор на социјализација на поединецот. Токму таму детето ги добива првите животни лекции. Во семејството, за првпат момчето учи дека треба да биде силно, дека ништо не може да го поколеба еден маж и дека„мажите не плачат“.”.
„Токму таму доаѓаат роднините кои на врата тропаат викајќи ‘о, домаќине’, а токму таму детето првпат се запознава со концептот ‘куќа без маж’. Доволно е користењето на овие поими за да се насочи однесувањето на еден маж кој, дури и кога е под голем стрес, фрустрација и психолошки товар, се плаши да побара психолошка помош, бидејќи од семејството, училиштето и работното место би бил перцепиран како слаб и би бил стигматизиран“, објаснува социологинката.

Понатаму таа го објасни и влијанието на социо-економските фактори врз ризикот од проблеми со менталното здравје кај мажите.
Дрита Мемеди вели дека во нашите општества мажот обично се смета за глава на семејството и како таков се товари со целосна грижа за своето семејство, бидејќи товарот на семејството паѓа врз него.
„Овој вид перцепција има длабоки корени во нашата традиција. И денес постојат мажи кои не им дозволуваат на своите сопруги да работат платена работа надвор од домот, бидејќи во очите на општеството тие би изгледале како слабиили како да се откажале од улогата на глава на семејството кој обезбедува за семејството. Толку голема одговорност што им е наметната на мажите му штети и на нивното ментално здравје, бидејќи тие се плашат да не останат без работа, а ако тоа се случи, често чувствуваат дека мора да заминат на миграција за да обезбедат подобар живот за своите семејства“, истакнува Мемеди.
Таа појаснува дека социо-економските фактори ги држат мажите под постојан притисок, бидејќи врз нив е наметната улогата на глава на семејството, а општеството има создадено бројни очекувања кон нив.
Кои структурни интервенции и културни промени би биле потребни за да се трансформира општествениот пристап кон менталната благосостојба на мажите?
Социологинката вели дека културните промени бараат време, посветеност и континуирана трансформација на културно-општествените елементи.
„Не можеме да очекуваме нашето општество да се промени во еден момент и наеднаш. Промената во концепцијата и толкувањето на културните норми треба да започне уште во семејството, а потоа да продолжи во училиштето и во другите важни општествени институции. Семејството не смее да создава големи очекувања од своето дете само затоа што е родено како машко“, вели Мемеди.
На крај, таа порачува дека нашето општество треба да научи да прифати дека и мажите понекогаш не можат да издржат,дека има моменти кога сакаат да плачат и дека има моменти кога се ранливи.




