Да се преживее како самохрана мајка во Северна Македонија: Над 54.000 самохрани мајки живеат во Северна Македонија

Маја е една од многуте жени во Северна Македонија коja по долги години физичко и психичко насилство ја донелa тешката одлука да си замине од еден насилен брак. Сама со своите четири деца, од кои најстарото е само 12 години, таа сега се соочува со суровата реалност: како да им обезбеди пристоен живот на своите деца во систем кој не и обезбедува соодветна поддршка.

Согласно важечките закони во Северна Македонија родителот на кого не му е доделено старателството е должен да плаќа месечна издршка (алиментација) за секое дете. Висината на алиментацијата ја утврдува судот врз основа на финансиските приходи на родителот и состојбата на детето, и тој минимум е 3.000 денари, колку што е утврдено и во овој случај. За жена како Маја, која треба да плаќа кирија, сметки, храна, облека и школски трошоци за четири деца, оваа сума е смешна. Цените на храната и основните производи растат, а реалноста е дека многу самохрани мајки не можат да си обезбедат се без дополнителна помош.

Според Пописот од 2021 година, во Северна Македонија живеат вкупно 54.356 самохрани мајки!!

Маја работи долги часови за да обезбеди минимален приходи, но и покрај тоа, таа често се соочува со изборот помеѓу тоа дали да купи храха, или пак да плати кирија. Во земја каде што просечните плати се ниски, а социјалното осигурување за самохраните мајки речиси и да не постои, многу жени како неа се принудени да тропаат на вратите на хуманитарните организации и да побараат помош.

Општеството и предрасудите: Жената која го напушта бракот се гледа како виновничка

Во многу случаи, економските предизвици не се единствениот товар со кој се соочуваат жените кои ги напуштаат насилните бракови. Социјалната стигма останува еден голем проблем. Иако насилството кое го доживувала било константно, Маја признава дека поради одлуката да се разведе често ја осудувале и роднините и соседите.

„Луѓето ми велеа дека сум требала да издржам за доброто на децата“, вели таа. „Но, не сакав тие да растат во средина полна со насилство и страв.

Во едно општество каде сè уште преовладуваат патријархалните норми, многу жени се плашат дали да ги напуштат насилните врски бидејќи се чувствуваат незаштитени од државата и изолирани од општеството.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во 2020 година се регистрирани 992 992 случаи на семејно насилство, во кои 930 од сторителите се мажи, а 95 се жени. Во 2021 година се регистрирани 1056 1.056 кривични дела поврзани со семејно насилство, во кои повторно доминираат мажите како сторители, вкупно 998, а 109 се жени. Во 2022 година бројот на кривични дела поврзани со семејно насилство се зголеми на 11241.157, од кои 1.061 сторители се мажи, а 93 жени!

Каде е државата? Недостасува помош за самохраните мајки

Северна Македонија не обезбедува еден соодветен систем за поддршка за самохраните мајки. И покрај тоа што сиромаштијата и невработеноста е широко распространет проблем, социјалната помош е недоволна. Покрај ниската алиментација, државата не обезбедува доволна поддршка за привремено сместување, помош за вработување или финансиска помош за жените кои ги напуштаат насилните бракови.

Засолништата за жртвите на семејно насилство се малку на број и често се преполни. Невладините организации играат една важна улога, но и тие имаат ограничени ресурси. Во Северна Македонија има четири државни засолништа кои нудат сместување до шест месеци. Работат и два кризни центри, едниот е кризен центар за престој од 24 до 48 часа и другиот е центар за згрижување на жртвите на семејно насилство до една година. Податоците покажуваат дека малтретираните жени кои престојуваат во засолништата во Северна Македонија се принудени да се вратат кај својот насилник поради недостаток на финансиска стабилност. Тие имаат потреба од подолгорочно сместување по напуштањето на прифатилиштето и да имаат финансиска поддршка од соодветните институции. Според координаторите на Центрите за семејно насилство, бројот на млади сторители на насилство е зголемен , а има и случаи кога малтретираните девојки кои се јавуваат во прифатилиштата се на возраст под 18 години.

ПРОЧИТАЈ РЕАЛНОСТА ВО РСМ НЕ СЕ СОВПАЃА СО ЗАКОНСКИТЕ БАРАЊА ЗА ПРИФАТИЛИШТА ЗА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

И додека активистите за женските права ги критикуваат министерствата дека не даваат доволно помош и бараат поголем буџет за социјални услуги, како и отворање на повеќе прифатилишта во земјата, Маја и многу други жени во нејзината ситуација продолжуваат да се борат за да преживеат, запоставени од системот кој не ги поддржува. Сè додека не се направат големи промени, единствениот пат напред останува секојдневната пожртвуваност и надежта дека една подобра иднина сепак е можна.

"Овој материјал е целосно или делумно финансиран од UK International Development и Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои не мора да се согласуваат со мислењата изразени во него. За содржината е одговорен авторот."

Друго