Foto: Microgen në Canva
Foto: Microgen në Canva

Тематското новинарство во Северна Македонија: Неопходно, но речиси непостоечко, kој ја плаќа цената?

Во време кога медиумите имаат директно влијание врз начинот на кој општеството ги разбира родовите улоги, експертите нагласуваат дека новинарството мора да помине низ континуиран процес на едукација за родово сензитивно известување, со цел да се избегнат стереотипите, предрасудите и погрешните толкувања кои честопати влијаат врз јавното мислење.

Неточното известување за родовите прашања може да предизвика повеќекратна штета во општеството, почнувајќи од зајакнување на стереотипите и предрасудите, па сè до нормализирање на насилството и дискриминацијата.

Кога медиумите користат неточен или сензационалистички јазик, тие можат да ја обвинат жртвата во случаи на насилство, да ја намалат сериозноста на проблемот или да ја искривуваат јавната перцепција за родовите улоги.

Ова не само што им штети на поединците опфатени во вестите, туку влијае и врз начинот на кој јавноста ги перцепира жените и мажите воопшто, правејќи го изградувањето на рамноправно и праведно општество уште потешко.

Според новинарката и уредничката на Алсат М, Фатлуме Дервиши,еден од главните проблеми во медиумското известување е присуството на несвесни грешки, кои произлегуваат од длабоко вкоренетите стереотипи во општеството.

„Новинарите мораат да се едуцираат за родово сензитивно известување бидејќи медиумите директно влијаат врз начинот на кој општеството ги гледа жените, мажите и родовите улоги. Внимателното известување помага во избегнувањето на предрасуди, стереотипи и нормализирање на насилство или дискриминација", нагласува Дервиши.

Таа додава дека меѓу најчестите грешки во медиумите се употребата на сексистички јазик, обвинувањето на жртвата во случаи на насилство, како и непотребното фокусирање на физичкиот изглед наместо на професионалните достигнувања.

Според неа, овие практики не само што ја нарушуваат новинарската етика, туку влијаат и врз начинот на кој јавноста ги перцепира родовите прашања.

Истата потреба за професионална едукација ја нагласува и Ардит Рамадани,главен уредник на Молекуqja.мк, првиот тематски портал на три јазици во Северна Македонија.

„Кога го основавме порталот Молекуqja, еден од главните проблеми беше недостатокот на новинари кои биле обучени да известуваат на етички, сензитивен и професионален начин за родовите теми и ЛГБТК+. Секојдневно гледаме како медиумите, свесно или несвесно, употребуваат дискриминаторски јазик спротивен на етичкиот кодекс на новинарите кога известуваат за овие теми", рече Рамадани.

Во неодамнешно интервју дадено за Mollëkuqja, Нора Калиќи,претседателката на Советот за медиумска етика во Северна Македонија, нагласи дека доколку нема тематско новинарство, медиумите ризикуваат да останат на ниво на инциденти, известувајќи за последиците, а не за причините.

„Токму ова новинарство има посебна вредност, бидејќи не застанува само на настанот, туку се обидува да го објасни процесот, контекстот и последиците. Тематското новинарство континуирано ги обработува темите кои честопати остануваат надвор од јавното внимание, како родовата нееднаквост, дискриминацијата, правата на жените, родово базираното насилство, сиромаштијата, менталното здравје или положбата на маргинализираните групи. Затоа, нејзината улога е суштинска не само за информирање на јавноста, туку и за развој на критичкото мислење, за проширување на јавната дебата и за создавање на поодговорна општествена култура", вели Калиќи

Во оваа насока, Центарот за еднакви можности „Mollekuqja" неодамна организираше дводневна обука за новинари и млади заинтересирани за медиуми и родова рамноправност. Обуката опфати дискусии за етичко известување на теми како семејното насилство, родовите улоги и избегнувањето на обвинување на жртвата, нудејќи притоа и практичен пристап кон поодговорно новинарство.

По обуката, десет учесници ќе бидат менторирани за пишување професионални написи кои ќе бидат објавени во наредниот период на молекуqja.мк

Друго