Од кого избега жената која го остави сопругот и децата во еден трговски центар во Тетово?

Како прво, има жени кои го оставаат сопругот без никаков проблем, но нема мајка која со истата ладнокрвност ги напушта нејзините деца.

Оваа жена, чиј идентитет е познат за редакцијата, под присила од страна на нејзиниот татко била принудена да се омажи за маж кој бил трипати постар од неа. Да живее со него во куќа во мизерни услови и во заедница со деверите и свекрвата и свекорот. Ситуацијата дополнително ја влошувал и фактот што нејзиниот сопруг бил невработен. Невработен и насилен, и ова бескрајно ја влошувала ситуацијата во домот.

Секој од нас има инстинкт да преживее, но жените многу често се предаваат во вакви ситуации кога доаѓаат од рурални средини каде поддршката за нив не само што недостига, туку се плашат да им кажат „не“ на родителите кога тие решиле да ги омажат, како што се случило и со оваа жена.

Како и да е, нејзините црни денови и ноќи сега се дел од минатото, бидејќи решила да избега, оставајќи ги зад себе децата за кои сега плаќа алиментација.

-Која си ти?

-Јас сум жената што ја нарекоа секакви погрдни имиња,за која ги кажаа и најбаналните зборови. Јас сум жената која според некои ги оставила децата во трговски центар во Тетово. Но, не, јас не ги напуштив моите деца, јас напуштив еден човек кој никогаш не беше маж, човек кој некој го избрал за мене, а не кој јас го избрав.

- Не одговаравте еден со друг?

- Јас прифатив се за тој човек, немав друг избор, ги прифатив неговите години, ароганцијата, физичкото и психичкото насилство од едно 20-члено семејство каде секојдневно јадев компири со сол, крв и солзи. Пет години живеење со тој човек, не само што не ме изведе на вечера или ручек, како што вели дотичниот господин, туку и кога се родија нашите деца, тој ниту еднаш не беше до мене како морална поддршка, а камоли материјална поддршка, се што ни требаше ни обезбедуваше брат му.

- Сепак, за тебе почнаа да кружат разни приказни, жената која ги напушти децата?

- Јас не ги напуштив децата, сакам да ги спасам, да ги изведам на прав пат. Оваа одлука ја донесов во моментот кога тие ми побараа сладолед, а јас немав пари да им купам, тие ги земаа лажиците што ги фрлиле другите деца на улица, и јас плачев и умирав секој ден. Во тој момент не можев веќе да издржам, си ветив себе си дека ќе работам за на моите деца не им фали ништо.

- А нив, дали им недостига нивната мајка?

- Вистина е дека им недостигам, но јас го молев таткото на моите деца да ме остави да работам, но тој не прифати. За себе најдов и стан и работа и работам за да можам да живеам со моите деца, но поради наопакиот менталитет таткото не ме остави и ми се случи нешто многу тешко за што имам пријавено и во полиција. Едноставно се чувствував заробена во еден машки свет и во еден момент и си ставив јаже на вратот, но син ми ми рече: „Мамо, ако ти умреш, кој ќе работи за нас?“. Тогаш решив дека ќе работам и живеам за моите деца.

- Дали твоето семејство те видело повредена?

- Неколку пати ме виделе кога сум избегала кај нив поради физичкото и прихичкото насилство заедно со децата. Јас одбивав, но татко ми ме принудуваше да се вратам. Најблиските ме вреѓаа пред децата, се додека син ми не им рече: „Вие имате се, ние немаме ни за едно чоколадо.“

- Велат дека си избегала со љубовникот?

- Оваа околина најмногу сака да осудува. Тие ги сакаат жртвите повеќе од девојките кои се обидуваат да се спасат. Јас си заминав со договор за работа, во Италија сум и се обидувам да ги спасам моите деца на кои им ветив дека ќе го направам тоа. Никогаш не сум се откажала од моите деца, и никогаш и нема да се откажам.

- Дали мислиш дека е сурово што твојот поранешен сопруг излезе и се обиде да го извалка твоето име?

Посакувам на Албанките во Македонија да не им се суди со микрофон во рака, а уште помалку тоа да се прави преку гласот на една новинарка која ја претставува само едната страна и суди со остри тонови. Во интервјуто тој зборува свртен со грб, кукавички, а јас ќе се појавам каква што сум, драги жени, мене не ме обесхрабруваат некои жени кои се задоволуваат со еден купен фустан од сопругот и кои треба да добијат дозвола од свекрвите за да одат кај мајка им. Не ме обесхрабруваат ниту некои мажи кои се навикнати да ги третираат своите жени како слугинки и кога господарот ќе дојде дома да им вели „ништо не сте направиле“.

Дали моралното подразбира да останеш и да траеш во една куќа во која свекорот ти ја пцуе мајката?! Јас се спасив од таа куќа, но жал ми е за жените кои останаа таму и продолжуваат да им ги пцујат мртвите мајки.

- Што те повредило најмногу?

-Мажите од коментарите кои сакаа да ме убијат, и сето тоа поттикнато од една новинарка. Не се плашам ни од куршум за моите деца, но не ми е гајле од зборовите се додека знам дека моите деца не би ме замениле за ништо на светот бидејќи мајка им работи за нив, секој месец им праќам пари, а којзнае како ги троши нивниот татко „херој“, кој пола од коментарите сам ги напишал обидувајќи се да ја понижи мајката на своите деца.

Коментар:

Како што можете да видите, оваа жена побегнала од еден див машки свет. Од менталитет кој ја осудува затоа што нашла начин како да се спаси. Епа, подобро да осудувате, отколку да ја оплакувате!

"Овој материјал е целосно или делумно финансиран од UK International Development и Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои не мора да се согласуваат со мислењата изразени во него. За содржината е одговорен авторот."

Друго