Финанциска помош за жртвите на родово базирано насилство: Доволни ли се 15 илјади денари?

Според Законот за социјална заштита Северна Македонија на жртвите на семејно насилство им овозможува еднократна парична помош во износ од 15.000 денари. Оваа помош, според Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, не била доволна ниту во 2015 година, а камоли денес, во 2025 година кога цените, вклучително и цените на основните производи. стигнале до небо. И во ситуација кога ни 15.000 ден не се доволни, Елена вели дека не на сите жени им се одобрува оваа сума на пари пари.

„Износот од 15.000 денари е максималниот износ што жртвите можат да го добијат, но кој е критериумот врз основа на кој Центарот за социјална работа одлучува која жртва ќе добие 6.000, 9.000 или 15.000 денари ни е непознато, но од примателите знаеме дека корисниците на оваа помош, кои се во нашите центри, добиваат различни суми и ретко се одлучува да дадат 15.000 денари, почесто се издвојуваат од 9.000 до 12.000 денари. На жртвата и да и одобрат 15.000 денари, со овие средства не може да ги покрие ниту киријата и сметките. Невозможно е да се најде стан поевтин од 10.000-12.000 денари, а ајо се додадат и сметките за струја, вода и парно, тогап е јасно дека оваа помош е многу мала.“

Законот за социјалната заштита, во член 62, покрај другата парична помош, предвидува и еднократна парична помош за жртвите на семејно насилство во износ од 15.000 денари со цел да се обезбеди итна заштита и нега. Согласно овој закон, секоја жртва на семејно насилство има право на оваа парична помош без разлика на нивниот економски статус. Но, според Елена, жените кои најчесто ја бараат оваа помош се оние кои се во незавидна финансиска состојба или кои не се вработени.

Според податоците обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади, ова е бројот на жртви кои се корисници на еднократна парична помош:

Жртвите на семејно насилство често како единствена опција го имаат сместувањето во прифатилиште за да се оддалечат од насилната средина и насилникот, но престојот во прифатилиште претставува пречка за добивање на еднократна парична помош бидејќи се смета дека на засолнетите жртви им се обезбедуваат сите основни потреби и тие можат да аплицираат за оваа помош само откако ќе го напуштат прифатилиштето. Но, што се случува со жртвата од моментот кога аплицира до добивањето на паричната помош? Димушевска вели дека во овој период се оставени сами на себе.

„Жртвата мора прво да го пријави насилството во ЦСР за да може да аплицира за оваа мерка. Приближниот период на чекање од моментот на аплицирање до исплаќањето на средствата е околу еден месец, но она што е важно е дека жените кои се сместени во прифатилишта со кои раководи Министерството за социјална политика се додека се сместени во прифатилиштето не можат да аплицираат за оваа помош бидејќи се смета дека со самото сместување во прифатилиштето ним им се обезбедува храна, средства за хигиена, лекови и се што им е потребно. Тие мора да почекаат да им заврши престојот во прифатилиштето и физички да го напуштат прифатилиштето пред да аплицираат за еднократната парична помош, што претставува голем проблем. Тоа е затоа што ако се потребни 30 дена за да се одобрат средствата, а жртвата што го напуштила прифатилиштето што ќе прави за тие 30 дена ако нема каде да оди или нема пари да купи храна за децата, ако е невработена“.

Жртвите на семејно насилство ризикуваат да станат бездомници по напуштањето на насилната средина, а помошта што ја предвидува државата не е доволна за да им даде надеж дека има светлина на крајот од тунелот.

„Жените жртви на семејно насилство кои одлучуваат да го напуштат својот партнер насилник, всушност одлучуваат да го напуштат домот, и се изложени на ризик да останат бездомници бидејќи повеќето од нив немаат имот на свое име. Кога ќе ја примите помошта од 10.000 денари, колку работа реално може да ви заврши оваа сума, не можете да ја платите ни киријата за еден месец. Кога ги дава овие пари за кирија, се поставува друго прашање: како ќе ги нахрани децата? Затоа чувството на безнадежност во овие случаи е многу силно и трае долго.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство нуди помош за сите жртви на семејно насилство кои контактираат со нив и за оние кои се во опасност да станат бездомници. 

„На жртвите кои ни се обраќаат за поддршка преку центрите за жени им се овозможува разговор со социјални работници каде се опфатени сите карактеристики, односно се анализираат индивидуалните потреби на жртвата и од тука започнуваме со психолошка помош за неа и децата, разговор со психотерапевт, бесплатна правна помош. Во текот на разговорот што го води социјалниот работник, доколку видиме дека постои ризик жртвата да остане бездомник, тогаш ја поддржуваме преку нашата програма за домување и одреден период им ја плаќаме киријата, месечните трошоци и им даваме ваучери за да купат храна во супермаркети со кои имаме соработка за да може да ги купи работите што и се потребни и во текот на целиот процес ја има поддршката од сите, психологот, психотерапевтот, советникот за кариера се достапни секогаш кога и се потребни.“

Процесот на напуштање на семејното насилство е тежок, но насилството од која било форма не треба да се толерира и треба да се пријави. Затоа, Елена ги охрабрува сите жртви да го пријават насилството и да се обратат до Мрежата за да добијат поддршка во однос на домување, психолошка и правна помош, како и оспособување за работа.

"Овој материјал е целосно или делумно финансиран од UK International Development и Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои не мора да се согласуваат со мислењата изразени во него. За содржината е одговорен авторот."

Во продолжение можете да ги најдете броевите за контакт со Центрите за поддршка на жените од Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство кои функционираат во различни градови:

За повеќе информации посетете ја веб страната: https://glasprotivnasilstvo.org.mk/zhenski-tsentri-za-poddrshka/

Друго