Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија се откажа од измените на членовите 31 и 31а од Законот за полицијата, кои се однесуваат на одземањето на службеното оружје и упатувањето на полицискиот службеник на психолошки и психијатриски преглед кога истиот ќе изврши семејно насилство.
Што вели актуелниот закон?
- Член 31 предвидува дека кога еден полициски службеник ќе изврши семејно насилство и ќе биде пријавен во некој од Центрите за социјална работа, истиот ќе го извести Министерството за внатрешни работи кое е должно да му го одземе службеното оружје на службеникот. të ia merr armën zyrtare.
- Член 31а предвидува дека кога е поведена постапка за семејно насилство врз полициски службеник, истиот службеник се упатува на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.
Што се предвидува со предложените измени?
Со измените беше предвидено формирање на една комисија која ќе беше надлежна да проценува дали треба да му се одземе или не службеното оружје на полицискиот службеник и истиот да биде упатен на психолошки и психијатриски преглед. Проценката за одземањето на оружјето би се правела врз основа на тоа дали службеното оружје е употребено за извршување на насилството.
„Молекуќја“ се обрати до Министерството за внатрешни работи за да побара објаснување во врска со овие измени. Оттаму соопштија дека веќе не се предвидуваат измени на овие два члена.
„Министерството за внатрешни работи направи една дополнителна анализа и проценка на предложените решенија и, следствено, во постоечката работна верзија на предлог-законот веќе не се предвидува никаква интервенција (ревизија или бришење) во наведениот член, односно постојните решенија во Законот за полицијата кои се во сила во тој дел остануваат непроменети“.
Елена Димушевска, извршен директор на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство од каде што јавно реагираа за овие измени, вели дека предвидените измени биле во спротивност и со Истанбулската конвенција, која ја ратификуваше и Северна Македонија, но и со законите во земјава кои се во сила.
„Планираните измени се косеа не само со Истанбулската конвенција, туку и со Законот за спречување и заштита од родово базираното насилство и семејно насилство, затоа што со него се предвидени привремени мерки кои, меѓу другото, вклучуваат и одземање на огненото оружје кога сторителот поседува огнено оружје. Измените беа многу вознемирувачки, и ние треба да се запрашаме кого сакаме да заштитиме, жртвата или насилникот. Привременото одземање на огненото оружје во случај на семејно насилство е неопходно.
Имајќи ги предвид предвидените измени , Димушева поставува дилеми за објективноста и способноста на комисијата која беше предвидена да се формира за проценка на конкретната ситуација, но и за доказите за употребата на оружјето. Според неа, овие измени би овозможиле да не му биде одземено оружјето на полицискиот службеник доколку истото не го употребил при извршување на насилството, што ја става жртвата во голем ризик.
За овие измени реагираа и други организации кои работат во областа на правата на жените во земјава. Според Платформата „Медуза“, во духот на ваквите предлог-закони се потврдува впечатокот на активистите за родова еднаквост дека полицијата, државата и институциите одбиваат да им бидат соборци во борбата против родовото насилство, но и дека дополнително ги загрозуваат и онака ранливите категории.
Според Димушева овие промени ќе доведат до регрес во борбата против семејното насилство и особено во спречувањето на насилството во иднина.
„Во еден случај на кој што работиме на полицаецот веднаш му е одземено оружјето и веднаш е упатен на психолошки преглед. Тоа не значи дека со тоа и се стави крај на насилството, но ние и полицијата спречивме ова насилство да ескалира и да заврши со трагичен крај на жртвата. Оваа практика почна поинтензивно да се спроведува кога имавме еден случај кога полицаец го уби семејството на жртвата, и тој беше причина за да почнеме да обрнуваме поголемо внимание на одземањето на оружјето. Овие измени би значеле едно назадување на една позитивна практика која се покажа успешна во спречување на потенцијалните фемициди“.
Неодамна од Министерстерството за внатрешни работи го најавија отпочнувањето на процесот на подготовка на предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за полиција.та Оваа иницијатива имаше за цел и усогласување на Законот за полицијата со Законот за внатрешни работи. Во рамките на предвидените измени беше предвидена и измена на овие два многу важни члена кои се однесуваат на семејното насилство.