Традиционалните норми на машкоста продолжуваат силно да влијаат врз начинот на кој мажите го доживуваат и го третираат менталното здравје во Северна Македонија и во регионот.
Идејата дека „мажите не плачат“ или дека треба сами да ги решаваат своите проблеми често ги оддалечува од барањето професионална помош. Како последица на тоа, многу мажи бараат психолошка поддршка дури кога проблемите веќе се продлабочиле.
Во разговор за Mollëkuqjaпсихологот и психотерапевт Вала Адили зборуваше за влијанието на родовите стереотипи врз менталната благосостојба на мажите, за бариерите што ги спречуваат да побараат помош и за тоа што може да направи општеството за да ја намали стигмата и да го подобри пристапот до менталното здравје.
Како влијаат традиционалните норми на маскулинитетот во Република Северна Македонија и во регионот врз перцепцијата и прифаќањето на менталното здравје кај мажите? Дали стигмата и понатаму останува главната пречка за барање помош?
Burrat në Maqedoninë e Veriut si edhe në shumicën e vendeve tjera të botës kërkojnë më pak mbështetje psikologjike në krahasim me gratë.
Во моето искуство како психолог и психотерапевт, од десет лица што бараат психолошка поддршка, двајца до тројца се мажи. Тоа е донекаде во согласност и со општата светска статистика, според која жените бараат психолошка помош речиси трипати повеќе од мажите.
Дури и кога доаѓаат на партнерска терапија, во најголем број случаи токму жената е таа што го иницирала процесот. Токму традиционалните норми придонесуваат мажите да не се чувствуваат доволно удобно да побараат помош. Тие уште од рана возраст ја добиваат пораката, прво од семејството, а потоа и од другите групи на кои им припаѓаат, дека чувствата немаат место во животот на мажите: мажите не плачат, не се повредени, не се жалат и тешкотиите ги решаваат сами..
Таквите пораки го оттурнуваат мажот од неговата човечка природа, затворајќи еден многу важен аспект од менталната благосостојба, па така неговите чувства стануваат недостапни дури и за самиот него.
Колку е достапна професионалната поддршка за мажите и кои се главните бариери за третманот: економски, институционални или културни?
Професионалната поддршка е подеднакво достапна и за мажите и за жените. Со економските бариери подеднакво се соочуваат сите, бидејќи во најголем број случаи професионалната помош е нешто што поединците сами го покриваат. Исклучок се случаите кога различни организации или компании се грижат нивните вработени да добијат и емоционална поддршка во тешкотиите низ кои минуваат, како и приватните болници или образовните институции што имаат училишен психолог.
Shumë psikologë po edukohen dhe aftësohen për shërbime të mirëfillta psikoterapeutike por edhe shoqata të ndryshme implementojnë programe që ofrojnë shërbime psikologjike për grupe të ndryshme vulnerabël. Ndërsa sa u përket barrierave kulturore, me ta përballen me shume burrat sepse shpesh vajtja në terapi llogaritet si “ çështje e grave”.

Дали проблемите со менталното здравје кај мажите се појавуваат во различни форми, на пример агресивност, изолација или злоупотреба на супстанции, и како може да се препознаат порано?
И во ова прашање се повикувам на моето искуство: често мажите доаѓаат на терапија кога работите веќе отишле предалеку — злоупотреба на алкохол, наркотични супстанции, зависност од игри на среќа.Но кога доаѓаат со вакви теми, често по инсистирање на семејството, не остануваат долго на терапија.Генерално, дури и кога доаѓаат со теми како анксиозност, тага или загуба на блиска личност, тие бараат директни решенија за проблемот и не се подготвени да ги согледаат неговите корени. Покажуваат поголем отпор кон проживувањето на чувствата што се појавуваат во процесот, токму поради стигмата што не им дозволува да бидат ранливи, но и поради тоа што немаат искуство со овој дел од себе.
Најголемата превенција во вакви случаи би била создавање поблиски емоционални врски во раното детство, сигурна приврзаност меѓу мајката и детето, негување на емпатијата, прифаќање на децата такви какви што се, а не какви што би сакале да бидат, како и градење односи во кои секое чувство е добредојдено.
Кои структурни мерки и јавни политики би помогнале најмногу за подобрување на менталната благосостојба на мажите и за намалување на стигмата?
Во намалувањето на стигмата многу би помогнало квалитетно образование во кое родовата еднаквост не е само тема во наставната програма, туку и општествена клима во која децата растат без да бидат принудени ниту девојчињата да ја потиснуваат својата сила, ниту момчињата својата чувствителност.
Исто така, сметам дека враќањето на психологијата како задолжителен предмет во средните училишта би било добра можност секој да научи што е дел од човечката природа, а што е производ на предрасудите.
Голема неправда е што општеството очекува од момчињата да оттурнат еден суштински дел од себе, својата емоционалност, а уште поголема трагедија е што тие тоа го прифаќаат како нешто сосема нормално.






