ТРАГИ НА МАТРИЈАРХАТОТ: СТЕ ЧУЛЕ ЛИ ЗА МАЖИ „ЛАХУСИ“ ИЛИ „МРКОШИ“?

Антропологијата и етнологијата во своите регистри имаат некои од најнеобичните случаи кои понекогаш не можете да ги најдете ниту во сеќавањата на најстарите. Тие се толку интересни, па некогаш и неверојатни ритуали кои биле дел од секојдневниот живот на луѓето. Во албанскиот јазик и во поетскиот фигуративен јазик се користи како: „ќе ме мркошиш...“, збор овој кој е употребен во речникот на К. Кристофориди кој тој го сретнал во околината на Елбасан во Албанија. Но, што е „мркош“? Најпрвин пристапуваме кон речникот:

Мркош м. етногр. Маж кој лежел на креветот како родилка и ги пречекувал и испраќал луѓето кои доаѓале да му честитаат кога ќе се пораѓала неговата сопруга.

Етнографите и антрополозите велат дека оваа појава била присутна кај прединдоевропските народи, а некои велат дека во околината на Елбасан мркоши имало долго време.

Според едни толкувањата во овој обичај лежат трагите на матријархатот, бидејќи жените кои имале поважни улоги во секојдневниот живот, се занимавале со економијата и организацијата на општеството, немале време да седат и да „мркошат“, па затоа наместо нив ова го правеле мажите, кои лежејќи така 40 дена во кревет ги пречекувале и ги испраќале пријателите кои доаѓале за да честитаат. Според други толкувања тоа имало врска со признавањето на татковството. Авторот лежел до своето дело. Меѓутоа, се вели дека овој обичај бил прекинат од Скендербег, бидејќи мажите му биле потребни за војна, а не да се преправаат дека се „лахуси“, што во албанската фразеологија се користи во негативна конотација, и се користи за човек кој седи и не прави ништо.

Кон крајот на 19 век во областа Думре во Елбасан имало ритуално оро за кое се сметало дека е поврзано со „мркошите“ и се викало „Оро на родилките“. За овој феномен пишувале неколку истражувачи, меѓу кои и ерудитот Моиком Зеќо во неговото дело „Албанија, местото каде што мажите се претвораат во жени, а жените во мажи“, кој убедливо вели дека тоа се трагите на матријархатот и дека тие преживеале кај албанците и баскијците. Според Зеќо, а и врз основа на антрополошкото гледиште на Клод Леви Штраус за овој феномен, тој ја одвојува перспективата: „како ритуал на трансформацијата на мажите во жени и рируал на трансформацијата на жените во мажи кои потекнуваат од матријархатот. Во првиот случај не се зема предвид невиноста, па дури и се однесува на раѓањето на децата. Во вториот случај се зема предвид една вечна невиност, и го негира раѓањето деца како продолжение на семејството“.

Според лингвистот Еќрем Чабеј, зборот за „мркоши“ во универзалниот антрополошки јазик е познат како „кувада“.Во медицинската терминологија со ова се означува мажот кој има симптоми на бременост кога неговата сопруга е бремена, па затоа постои медицински термин кој го објаснува тоа и се нарекува синдром на кувада. Овој збор потекнува од францускиот збор „ couvade“ (couver, што значи „да се седи на нешто, да се греат јајцата, на кокошката) и кој на албански јазик се среќава како „клочка“ (квачка) како практика која изненадувачки се поклопува со ритуалот на „мркошите“.

Според гореспоменатиот истражувач М. Зеќо, се смета дека кувадата започнала да се практикува во последната фаза од матријархатот, кога матријархатот бил во криза и кога веќе улогата на мажот се воздигнува над жената, поради ова мажот покажува дека наводно ги има и атрибутите на жената, па затоа и тој заслужува пофалби за раѓањето на детето.

“Ky material është financuar plotësisht ose pjesërisht nga UK International Development dhe The Kvinna till Kvinna Foundation, të cilët jo domosdoshmërisht pajtohen me opinionet e shprehura këtu. Përgjegjës për përmbajtjen është vetëm autori.”

Të tjera