Таа не се променила, туку испарила, целосно исчезнала, но вие немате очи за да видите. Една поезија вели „ на балконот на себеси си излегов “ и таму плаче без престан.
Драга жено,
Пред годината да заврши со огномети, со здравици и со готови честитки што ќе ги добиеш без ништо суштинско во нив, ти се обраќам со неколку прашања кои никој не ти ги поставува. Никој не ти ги поставува не затоа што не вредат, туку затоа што се тешки. Затоа што бараат да застанеш и да се свртиш кон себе си. Затоа што ја бараат вистината, а не измамата што си ја претворила во начин на живеење, не препознавајќи ја онаа „другата“ во тебе која ти го зазела целиот простор, а тебе те извадила на балкон.
Како прво, како си?
Како си, во тој простор каде што си корисна за секого, освен за себе?
Колку пати твојата душа се свиткала во форма на прашалник, додека твоето тело продолжило да се буди вертикално секое утро? Си одела на работа, си ги вршела обврските, си била мајка, ќерка, партнерка, професионалка, пријателка и никој не се портудил да праша дали навистина излегуваш на крај во сето ова?
Дали те прашува некој како успеваш?
Ова прашање не се поставува, бидејќи жената се претпоставува дека секогаш знае како да излезе на крај со се?
Знам, ова го знае само твојата подгрбавена душа, онаа што никој не ја гледа, бидејќи не прави „крак“ секојпат кога се крши. Онаа што се уморува во тишина.
Дали некогаш некој те прашал колку пати си била принудена да молчиш за да го зачуваш „мирот“?
Бидејќи си почувствувала дека секој твој збор би изгледал како лавина што зема сè пред себе. И си избрала да се прашаш себеси: да зборувам или да молчам?
И речиси секогаш си молчела.
Колку пати си го намалила гласот за да не те наречат „конфликтна“, „емоционална“, „тешка“?
Твојата искреност се нарекува „drama queen“, а твоето трпение се смета за обврска?
Колку соништа си одложила „за подоцна“?
Затоа што децата беа приоритет.
Затоа што семејството беше приоритет.
Затоа што работата беше приоритет.
Затоа што сè беше поголем приоритет од тебе.
Но, кој ти го измери невидливиот замор?
Работата што не фигурира никаде во договорите.
Грижата што не се плаќа.
Трпението што си го наследила од „старата школа“.
Кој те праша: дали си уморна?
Што губиш во ова долго патување на исполнување на очекувањата?
Која верзија на себе си станала, а која верзија си ја напуштила по пат?
Колку вистини голташ секој ден за да не ги повредиш егоата на другите?
Колку пати си се воздржала за некој друг да се чувствува поважен?
А за твоето тело, зошто не се грижиш како што заслужува?
Дали знаеш дека телото е најискреното огледало на твојата внатрешност?
Болките што ги одложуваш, заморот што го игнорираш, тежината што ја носиш, сето тоа зборува за работите што не си имала време да ги кажеш со зборови.
Зошто не зборуваш?
Зошто не се жалиш?
Затоа што те научиле дека жената што се жали не е благодарна, бидејќи има сè и пак не е сита?
Затоа што некои мислат дека ако јадеш и да пиеш си сит.
Кога последен пат кога си се почувствува слободна во сопствената кожа?
Од 365 дена колку што има годината, колку дена беа навистина твои?
Дали те прашал некој дали си среќна?
Или е доволно сè околу тебе не се преврти за да изгледа дека функционира?
Дали се чувствуваш жива, или само дишеш?
Во овој крај на годината не ти посакувам трпение.
Не ти посакувам пожртвуваност.
И нема да ти кажам „биди силна“, бидејќи си била силна повеќе отколку што требало.
Ти посакувам храброст за да ги напишеш искрените одговори на овие прашања во една тетратка. Да ги прочиташ. Да ги прифатиш. И ако треба, да ги запалиш. Потоа да почнеш од почеток.
Напиши нови прашања, но овој пат на огледалото со огнениот кармин кој едвај чека да се нанесе на твоите усни:
Која сум јас?
Што навистина сакам?
Како можам да ги добијам работите што ги сакам?
Затоа што никој нема да ти ги подари.
Но, немаш ни зошто да бараш дозвола за да ги добиеш работите што природно ти припаѓаат, како воздухот што го дишеш.
Време е за враќање кон себе си.
Посакувам навистина повторно да се пронајдеш себеси, бидејќи долго му недостигаше на таа прекрасна личност каква што си и што го гледаш од другата страна. Оваа „другата“ што го живее твојот живот треба да се тргне. Земи ги уздите на животот во раце и „run girl, run“.
Ти посакувам една година во која нема да се намалуваш под товарите што ги преземаш без никој да ти го побара тоа.
Ти посакувам да излезеш, да се дружиш, да го заземеш твоето место во просторот, таму каде што припаѓаш.
Ти посакувам да блеснеш онака како што знаеш само ти, без оглед на околностите, бидејќи сè поминува и за се има решение.
И да, од тебе зависи. Доволно е да ги облечеш вистинските штикли и можеш да го освоиш светот, вели Мерлин.





