Мухамед Велиу
Мухамед Велиу ги завршил студиите по психологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Работел во Црвен крст на РСМ како координатор на програми за психосоцијална поддршка и психолошка прва помош во кризи. Актуелно е инструктор во програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“ (ЦКА – ПХВ) и работи како Гешталт психотерапевт под супервизија. Воедно е и модератор на подкастот „Лафе т’лира“.