Канунот, како обичаен кодекс кој го регулираше општествениот живот на aлбанците, имаше контрадикторен пристап кон жените и насилството. Од една страна ги изземаше жените од одмазда и крвна одмазда,но од друга ги ставаше во една позиција во која тие беа зависни од мажите и патријархалните норми, и немаа слобода сами да одлучуваат за својата судбина. Во некои случаи заштитени, но често немоќни.
Според Кадаре, Канунот ги иззема жените од крвна одмазда, од таа машина за убивање која што е еден незапирлив циклус на смрт, но не ја заштити од насилството.
Според Канунот жените не се убиваа за одмазда, туку тоа можеше да се случи поради други бројни причини, кога стануваше збор за крвната одмазда жените се сметаа за беспомошни и свети суштества, а одмаздата се сметаше за машка работа.
Но, се поставува прашањето дали Канунот ги заштити жените, ги поштеди ли од екстремното насилство?
За жал не, Канунот не го исклучуваше целосно насилството врз жените, а во некои случаи дури и го легитимираше, како на пример кога стануваше збор за дисциплинирање од страна на сопругот доколку жената не ги почитуваше семејните норми, казната за прељуба, која беше многу построга за жените отколку за мажите, како и недостатокот на права на наследство, нешто што ја ставаше жената во економска зависност од мажите во семејството.
Но, иако Канунот негира многу права на жените, тој истотака им дава и една посебна улога како посредници на мирот. Овој аспект Кадаре го спомнува во неговите анализи на албанската традиција, покажувајќи дека жените често биле тие кои интервенирале за да се спречи крвната одмазда. И покрај ограничувањата, жените имале една важна улога како посредници на помирувањето.Жeната можела да интервенира за да ја спречи крвната одмазда и често била почитувана кога барала прошка за извршеното убиство. Според Канунот останало жената да оди пред мажот, бидејќи ако имал жена пред себе, жртвата се сметала за заштитена, крвната одмазда не се извршувала пред една жена.
Значи, Канунот ги штител жените од екстремно насилство, но не ги спасил од други облици на нееднаквост и потчинување. Во многу случаи, тие биле жртви на еден систем кој ја ограничувал нивната моќ и права.
Исмаил Кадаре често се осврнува на Канунот и неговото влијание врз животот на Албанците, особено на жените. Тој го гледа Канунот како суров правен систем кој ги става жените во подредена положба и ги третира како „маргинализирани суштества“ во склоп на еден машки свет.
Кадаре нагласува дека Канунот ги исклучува жените од процесот на донесување на одлуки и ги става во зависна и немоќна положба. Во многу негови дела тој ја прикажува жената како трагична фигура која нема моќ над нејзината судбина. На пример:
Во „Скршен април“ сопругата на Ѓорг е една нема фигура, немоќна да го смени текот на крвната одмазда.
Во „Кој ја донесе Дорунтина“ тој ја обработува темата за бесата и договорениот брак, каде жените немаат право да се спротивстават за нивната судбина.
Според Канунот жените немале право да учествуваат во крвната одмазда, на што Кадаре гледа како на своевидно изземање на жените од насилството, но и од властта. Ова ги ставаше нив во една несигурна положба: тие немаа право да се убиваат за одмазда, но ниту можеа да го заштитат своето семејство преку одмазда.
Кадаре го смета Канунот како еден систем кој го држел албанското општество врзано за еден архаичен менталитет, особено во однос на тоа како се постапувало со жените. Тој нагласува дека модернизацијата бара надминување на овие обичаи и создавање на едно општество во кое што жените ќе имаат еднаквост и слобода.
За Кадаре Канунот е систем кој го обликуваше албанското општество, но кој исто така создал и немир, трагедии и неправди, посебно за жените. Тој го критикува овој систем и сугерира дека само дистанцирањето од него може да го води албанското општество кон поправедна иднина со жени ослободени од машката спрега. Еве што вели Канунот за должностите на жените и мажите во семејството:
Должности на мажот кон својата жена:
- а) да и обезбеди облека и обувки и се што и е потребно за да живее;
- б) да ја зачува честа на жената и да не дозволи да се пожали за каква било потреба.
Должности на жената кон нејзиниот сопруг:
- а) да ја зачува честа на сопругот;
- б) да работи вредно;
- в) да биде послушна;
- г) да ги исполнува брачните обврски;
- д) да ги расте и воспитува децата со чест;
- ѓ) да му ја спрема облеката и обувките (в смисол на шиење)
- е) да не му се меша во веридбите на ќерките и синовите.