Зошто жените и девојките се соочуваат со неправди во образовниот систем?

Во еден свет во кој што родовата еднаквост сè уште е предизвик, „Молекуќја“ има за цел да го привлече вниманието за прашања кои директно влијаат на животот на жените и девојките. На оваа тема разговаравме со Арбнора Алиу Вејсели, докторант по образовни науки на Универзитетот во Цирих и предавач по предметите инклузија и инклузивно учење на високата школа за образование. FHNWНора ги сподели со нас своите перспективи и своето искуство за родовата еднаквост во образованието и албанското и швајцарското општество.

  • Со оглед на фактот дека си докторант по образовни науки на Универзитетот во Цирих, како Нора го дефинира концептот на родова еднаквост во областа на образованието и воопшто во општеството?

Ние сè уште немаме родова еднаквост, и тоа е факт. Ако ги погледнеме статистиките на глобално ниво, жените сè уште се дискриминирани на неколку нивоа, почнувајќи од нивната позиција на пазарот на трудот. Жените се посебно дискриминирани на пазарот на трудот. Една од причините e тоа што тиe раѓаат деца. Раѓањето на детето не треба да биде причина жената да биде во неповолна положба на пазарот на трудот. Жените во просек имаат помали плати, а тоа е така насекаде низ светот. Освен тоа, жените почесто се жртви на насилство. Овие и многу други работи се последица на патријархалното општество, каде што мажите имаат доминантна улога на политички, економски и општествени полиња. Овде станува збор за позициите на моќ, кои секој ден се сè по очигледни, но кои за среќа низ историјата имаат претрпено измени, но пак не е постигната таа родова еднаквост.

  • Кои се главните предизвици со кои се соочуваат жените и девојките во образовниот систем денес?

Жените и девојките се соочуваат со нееднаквост и во образовниот систем. Што се однесува до потеклото, социјализацијата во семејството игра една голема улога уште пред започнувањето на образовниот процес. И ден денес кога станува збор за образованието уште од раното детство мажите и жените добиваат поинаква поддршка. Потоа, кога започнува тој образовен процес, разликите се прават уште од самиот почеток. На пример, очекувањата на наставникот се крајно важен елемент. Тие прават разлика меѓу момчињата и девојчињата во однесувањето и во процесот на учење. Ова оди до таму што некои училишни предмети сè уште се поврзани со полот. Однесувањето на момчињата се смета за подиво и хиперактивно, додека од девојчињата се очекува да бидат помирни. Што се однесува на способноста за учење, момчињата повеќе се оценуваат по предметите математика и по научните предмети, додека пак девојчињата повеќе по јазичните предмети. Овој феномен продолжува се до универзитет и се рефлектира i во изборот на предметите на студирање. Не е случајност што мажите повеќе студираат математика и науки.

Иако во последните години состојбата е промената кон подобро, сè уште немаме еднаквост. Во Швајцарија, на пример, во основните училишта сè уште имаме повеќе наставнички, бидејќи тоа е смер на студии кој го избираат повеќе жените. Ова е исто така историски поврзано. Порано не било вообичаено жените да студираат на факултет, па единствена можност за студии била вишата педагошка школа. Тоа беше првиот чекор на жените кон една академска кариера.

Никогаш нема да заборавам едно нешто: кога бев студентка прашав една студентка која имаше над 50 години за тоа што ја мотивирало да студира на универзитет. Таа ми кажа дека кога имала 18 години и завршила средно училиште, нејзиниот татко и рекол: „Имаш две опции: брак или виша педагошка школа“. Таа си ја избрала вишата педагошка школа, но никогаш не се помирила со тоа што немала можност да заврши факултет. Па така, на таа возраст решила да запише магистерски студии по образовни науки на Универзитетот во Цирих.

  • Како влијае образованието на родовите перцепции и стереотипи? Дали имаме подобрување во оваа насока?

Стереотипите секогаш ќе постојат, но и тие со тек на времето се менуваат. Меѓутоа, родовите стереотипи се вкоренети многу длабоко. Затоа, уште поважно е да се зборува за овие прашања со децата уште кога се мали. Важно е да ги научите дека луѓето се различни и дека поделбата на луѓето во категории или маргинализирањето е нешто погрешно. Децата можат да го разберат ова уште кога се мали.

Кога ги едуцираме мора да ги научиме децата да ги прифаќаат другите, без разлика на полот, бојата на кожа, религијата, јазикот итн. На овој начин можеме да се бориме и против стереотипите.

  • Дали мислиш дека Албанките сè уште се соочуваат со структурни и социјални препреки за напредување во кариерата? Ако е така, дали ќе може да ни наброиш некои од нив?

Се разбира. Жените мора да се борат. Како што веќе реков, како прво, пазарот на трудот не е прилагоден за жените. Има многу малку професии кои ги поддржуваат жените или кои се донекаде погодни за семејните жени. Но, она што е најважно: што е повисока работната позиција, толку потешко станува за жените.

Дури и да се одлучат да не создадат семејство, жените пак мора да се борат, бидејќи на повеќето од овие позиции се мажите и главно се поставуваат други мажи, а не жени. Значи, проблемот не е само во постоечките структури, туку и во начинот на размислување.

  • Дали имаш некаква порака за младите жени и девојки албанки кои сакаат да постигнат успех на академско и професионално поле?

Всушност, не, бидејќи знам дека младите албанки се исклучително амбициозни и имаат голема моќ. Можам само да им кажам: продолжете, бидејќи знам дека можете да постигнете се што ќе посакате. Всушност, имам порака до семејствата, особено до машките членови на семејството: поддржете ги вашите ќерки, сестри, мајки, тетки, братучетки и пријателки. И ваша должност е да се борите за родова правда!

Разговорот со Нора Алиу ни даде јасен увид во предизвиците и напредокот во родовата еднаквост во образованието и општеството. И покрај напредокот, останува уште многу да работа и неопходна е посветеност од сите за да се постигне поправедно и еднакво општество.

"Овој материјал е целосно или делумно финансиран од UK International Development и Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои не мора да се согласуваат со мислењата изразени во него. За содржината е одговорен авторот."

Друго