Жените во науката, од историската дискриминација до незгасливите амбиции и соништа

Низ историјата жените играле важна улога во науката, но на нивниот академски и професионален пат тие честопати се соочувале со големи бариери. Според податоците на УНЕСКО жените сочинуваат само околу 30% од глобалната научна заедница. И покрај значителниот напредок во последните децении, и понатаму во многу земји во светот родовиот јаз останува предизвик.

Податоците на Организацијата на Обединетите Нации (ООН) покажуваат дека:

  • - На жените вообичаено им се доделуваат помали грантови за истражување за разлика од нивните колеги мажи и иако тие претставуваат 33,3% од сите истражувачи, само 12% од членовите на националните академии на науки се жени.
  • - Во напредните области како вештачката интелигенција, само еден од пет професионалци (22%) е жена.
  • - И покрај недостигот на вештини во повеќето технолошки области кои ја поттикнаа Четвртата индустриска револуција, жените сè уште сочинуваат само 28% од дипломираните инженери и 40% од дипломираните по компјутерски науки и информатика.
  • - Жените истражувачи имаат тенденција да имаат пократки кариери и да се помалку платени. Нивната работа е недоволно застапена во списанија од висок профил и тие често се не се промовираат.
Жените во науката во Северна Македонија

Во Северна Македонија состојбата ги одразува глобалните трендови, иако со некои специфични карактеристики. Според податоците на Академијата на науките и уметностите на Северна Македонија, застапеноста на жените во областа на природните науки и технологијата е сè уште ниска во споредба со мажите. Иако голем број на девојки ги продолжуваат студиите во научни области, предизвиците при нивната интеграција на пазарот на трудот и напредувањето на академските позиции се очигледни.

Според извештајот „Жените и мажите во Северна Македонија“ објавен од МакСтат во 2023 година, иако бројот на дипломирани жени во облста на природните и технолошките науки е голем, тие тешко доаѓаат до раководни позиции на работното место или пак се случува и да не се активни на пазарот на трудот. Статистиката покажува дека во 2020 година 61% од дипломираните по математички и природни науки биле жени, а во техничките и технолошките науки 45% од дипломираните студенти биле жени. Во 2021 година во областа на математичките и природните науки бројот на дипломирани жени бил 71%, а 29% биле мажи, додека пак во техничко-технолошките науки жените биле вкупно 33% од дипломираните студенти, а 67% биле мажи. Една година подоцна, во 2022 година, 61% од дипломираните студенти по математички и природни науки биле жени и 39% мажи, а во техничките и технолошките науки 41% биле и 59% мажи.

Образовните институции и истражувачките центри преземаат чекори за поттикнување на вклученоста на жените во СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика) областите. Исто така постојат и разни иницијативи кои промовираат менторство и поддршка за млади жени кои посакуваат да имаат кариера во науката. Меѓутоа, општествениот менталитет и предизвиците во финансирањето на научните проекти сè уште остануваат една значајна бариера за целосен развој на женскиот потенцијал на ова поле.

Кога љубовта кон науката те носи на студии илјадници километри далеку од семејството

Сара Шаќири е одлична студентка по генетика на најпрестижниот универзитет во оваа област, со голема амбиција да нурне уште подлабоко во академските води и да стане успешен научник.

„Јас сум студентка на Универзитетот во Манчестер, во четврта година на студии по генетика, која е наука која се занимава со проучување на гените, нивното наследување низ генерациите, генетските болести – како настануваат и како се наследуваат - како еволуираат гените и особините итн.“, вели Сара.

Страста за генетиката и се родила уште во средно училиште благодарение на ентузијазмот со кој нејзиниот професор објаснувал за оваа тема.

“Dëshira për të studiuar gjenetikën ka lindur falë profesorit tim të biologjisë në shkollën e mesme, z.Tamer Salko, i cili, me pasionin dhe mënyrën si e ligjëronte lëndën e biologjisë, sidomos pjesën e gjenetikës, më ngjalli kureshtjen për të mësuar më shumë. Fillova të hulumtoj më thellë mbi këtë fushë dhe, me kalimin e kohës, e kuptova se nuk e shihja veten në asnjë fushë tjetër”, thotë Sara.

Pasioni i Sarës për gjenetikën dhe për shkecën ishte qe aq madh sa bëri që ajo të zgjedh të studiojë në universitetin më të mirë në këtë fushë. Në sytë e saj, bota e shkencës është një aventurë e pafundme zbulimesh, ku, edhe kur përpiqesh të shuash kureshtjen, ajo vazhdon të rritet dhe të shtyn të hulumtosh më shumë.

„Убавината е во тоа што науката нема крај; дури и кога мислиш дека си го нашла одговорот на твоето прашање, таа отвора вратата кон повеќе прашања кои чекаат да бидат одговорени и постојано еволуира помеѓу идеите, експериментите и откритијата. Нема два исти денови и секој ден е можност да научите нешто ново. Нормално дека тоа што е најважно е што науката нуди можности за развој на медицината, земјоделството и зачувување на биолошкиот диверзитет – така што тоа е поле што може да се примени во секој аспект од нашето секојдневие. Науката е предизвик сама по себе и на едно толку ригорозно поле, секогаш е присутен притисок да се биде совршен. Иако неуспехот е составен дел од процесот во научните експерименти, за него не се зборува секогаш отворено, а и јас тешко го прифаќам. Иако во науката и неуспесите се бројат како заклучоци (резултати), мојата природа тешко ги прифаќаше. Со оглед на мојата тенденција да се стремам кон совршенство, овие неуспеси честопати беа фрустрирачки. Тоа, на почетокот, влијаеше и на мојата способност за пронаоѓање една рамнотежа меѓу личниот и професионалниот живот, како и да си одвојам време за себе, а притоа да работам за остварување на моите цели“, нагласува Сара.

Иако Сара е свесна за ограничениот менталитет на нашето општество кога е во прашање професионалната иднина на една девојка, таа вели дека е среќна што има голема поддршка од семејството за да ги надмине можните предрасуди.

„Жените во моето опкружување според стереотипите на општеството работат на области кои не се сметаат за „идеални“ за жените и мислам дека, иако можеби не толку брзо колку што би сакале, работите почнуваат да се менуваат и да се движат кон напред. Меѓутоа, имав моменти кога ме прашувале за моите идни планови и ми рекле дека оваа диплома е доволна, да почнам да размислуваш за создавање на семејство, дека не ми треба повеќе од тоа. Тоа не ми ги згасна амбициите, ниту пак влијаеше на мене, бидејќи јас пораснав со духот дека треба да бидам борец, да ги постигнам своите амбиции и цели, секогаш да се натпреварувам со себе а не да се борам за да стигнам или да надминам еден маж. Моето мото во животот е една изрека на Тимоти Лири, кој вели: „Жените кои сакаат да бидат рамноправни со мажите немаат амбиции“, бидејќи според моите верувања да се биде машко не е мерлив параметар за успех. Жените треба да бидат слободни да ги остварат своите страсти и амбиции без резерва или страв, а не следејќи го хронолошкиот редослед на животот на една жена, како што ни го определило општеството“, вели Сара.

Зголемувањето на застапеноста на жените во науката не е само прашање на родова еднаквост, туку и потреба за напредок на општеството. Придонесот на жените во научното истражување носи нови перспективи и важни иновации. Должност на институциите, семејствата и општеството во целина е да ги поддржат девојките и жените кои го следат овој пат, создавајќи една еднаква и охрабрувачка средина за идните генерации на жени научнички.

„И во иднина се гледам себеси во областа на генетиката и имам амбиции да се развивам како научник во оваа област. Ако работите се одвиваат според моите планови, мислам дека за 5 години ќе бидам во академските води и ќе продолжам да се надградувам за да ги исполнам критериумите на еден успешен научник. Се надевам дека ќе бидам дел од една лабораторија каде што ќе можам да се фокусирам на проучување на мутациите, да придонесам и да направам нешто корисно за општеството. Исто така ќе продолжам да ги охрабрувам и поддржувам девојките да ги следат своите соништа и да не станат жртви на предрасудите, бидејќи само со борба соништата секогаш стануваат реалност“

Rrugëtimi i Сара во областа на генетиката е водено од страста, амбицијата и желбата да придонесе за науката и општеството. И покрај предизвиците и предрасудите со кои се соочуваат жените во науката, таа силно верува дека посветеноста и напорната работа се клучот за постигнување на успех.

„Јас 11-ти февруари го сметам како ден за сеќавање на сите оние жени научнички кои и покрај околностите и тешкотиите со кои се соочиле, работеле и се бореле да придонесат за општеството со своите научни откритија. Иако поради полот не секогаш биле доволно ценети, благодарение на тие жени, на младите жени научнички денес им е полесно да ги постигнат своите цели и да бидат на позицијата што ја заслужуваат во областа на науката“, заклучува Сара.

Është thelbësore që vajzat dhe gratë të mbështeten dhe të inkurajohen për të ndjekur ëndrrat e tyre, pa u kufizuar nga pritshmëritë e shoqërisë. Duke ndjekur shembullin e shkencëtareve që hapën rrugën për brezat e rinj, Sara dhe shumë vajza tjera synojnë të ecin përpara me të njëjtin guxim dhe përkushtim.

"Овој материјал е целосно или делумно финансиран од UK International Development и Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои не мора да се согласуваат со мислењата изразени во него. За содржината е одговорен авторот."

Друго